вторник, септември 8, 2026
Дома БАЛКАН Експлозии одекнаа низ центарот на Атина, бомби фрлени во два објекти –...

Експлозии одекнаа низ центарот на Атина, бомби фрлени во два објекти – полицијата е на местото на настанот

0

Рачни гранати беа фрлени денес во два објекти во центарот на Атина, објави грчката полиција, додавајќи дека нема повредени.

Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена во продавница за здрава храна во Ахарнон, а наводно во продавницата во тој момент се наоѓал и обезбедувач од сириско потекло, објавува „Прото тема“.

Вториот напад се случил во 4:55 часот наутро во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат сторител фрлил експлозивна направа во бар за наргиле во сопственост на Сириец.

Полицијата е на местото на настанот, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ