Експлозии одекнаа на аеродромот во Џаму во Кашмир, соопштуваат индиските власти

364
Фото: EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Силни експлозии одекнаа вечерва на аеродромот во градот Џаму, во идискиот дел на Кашмир, среде големиот судир на Индија и Пакистан, изјави извор близок до силите за безбедност, пренесе Бета.

Потеклото на експлозијата уште не е утврдено, изјави истиот извор за АФП кој сакал да остане анонимен.

Според полициски извор, голем број беспилотни летала прелетале над градот Џаму вечерва, по што се слушнале неколку експлозии.

Индија и Пакистан денеска меѓусебно се обвинуваа за нападите со беспилотни летала.

Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан и двете земји сметаат дека имаат право на целата територија. Двете земји во минатото водеа две војни околу тој хималајски регион.

ИЗДВОЕНИ