Експлозии обвија во облак од чад град во Русија: Горат резервоари за гориво/видео

58
Фото:принтскрин, видео Х

Експлозии се слушнаа во регионот Јарослав во Русија додека беше на сила „закана од беспилотни летала“, пренесе „Индекс.хр.“

„Во Јарославската област е прогласена закана од беспилотни летала. Останете смирени… единиците на Министерството за одбрана и органите за спроведување на законот работат на одбивање на нападот“, изјави претходно гувернерот на Јарославската област Михаил Јевраев.

Некои канали на „Телеграм“ подоцна објавија дека избувнал пожар во државното претпријатие „Комбинат Темп“ во градот Рибинск. Рускиот канал на Телеграм „Астра“, повикувајќи се на локални жители, објави дека се слушнале експлозии во Рибинск. Сведоците изјавија дека резервоарите за гориво се запалиле.

Астра геолоцираше неколку видеа од местото на настанот и заклучи дека резервоарите горат во населбата Копајево во Рибинск. Државната компанија Комбинат Темп се наоѓа на таа локација, која е дел од рускиот државен систем за складирање и се користи за складирање гориво.

Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на претходната ноќ, системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле 86 украински беспилотни летала. Според тоа тврдење, над Црното Море биле соборени 56 дронови, над Брјанската област девет, над Липецката област осум, над Краснодарскиот крај пет и над Крим осум.

Во соопштението за медиумите на руското Министерство за одбрана не се споменуваа наводно пресретнатите дронови над Јарославската област.

ИЗДВОЕНИ