сабота, јануари 17, 2026
Дома МАГАЗИН Експлицитно до крај, интернетот „гори“: Сидни Свини како плејбој зајаче во новата...

Експлицитно до крај, интернетот „гори“: Сидни Свини како плејбој зајаче во новата сезона на серијата „Еуфорија“/ВИДЕО

59
Foto: Printscreen/YouTube

Објавен е долгоочекуваниот трејлер за третата и последна сезона од популарната серија „Еуфорија“ (Euphoria). Според првите кадри, гледачите ги очекуваат највозбудливи епизоди досега, но, и покрај сè, едно нешто веднаш го привлече вниманието, сцените со Сидни Свини.

Фокусот повторно е на актерката, односно на ликот што таа го толкува – Кеси, а која поминува низ голема и прилично драматична промена.

Во трејлерот за новата сезона, Кеси се појавува облечена како плејбој зајаче и провокативно позира пред камерата. Брзо се проширија гласини дека во новата сезона таа ќе заработува пари како креаторка на содржини за возрасни на платформата ОнлиФанс, пренесува Ти-ем-зи.

Ситуацијата дополнително се комплицира кога нејзиниот свршеник Нејт, кого го игра Џејкоб Елорди, ја затекнува среде снимање и покажува дека тоа воопшто не му се допаѓа.

„Само креирав содржина“, му вели Кеси.

Повеќе интимни сцени, во кои таа позира за ОнлиФанс, веднаш станаа хит и предизвикаа бурни реакции.

Сцените го „запалија“ интернетот
Овие кадри експресно ги преплавија социјалните мрежи и предизвикаа лавина коментари. Дел од публиката ја критикува Свини, тврдејќи дека повторно се појавува во улога што вклучува разголување.

„Дали таа може нешто да направи, а да не се соблече?“, напиша еден корисник на Икс.

Други ја бранеа или едноставно се шегуваа.

„Ги знае своите предности“, коментираше еден, додека друг додаде: „Ќе блесне во таа улога“.

Имаше и такви кои отворено признаа дека ќе ја гледаат серијата поради неа.

„Одеднаш ми се допаѓа ‘Еуфорија’“, се пошегува еден коментатор, додека друг напиша: „Гледам само поради ова“.

Што носи последната сезона?
Дејството на третата сезона се префрла пет години нанапред и ја следи Ру, ликот на Зендаја, додека се обидува да се среди по сè што ѝ се случило и повторно да го стави животот на вистинскиот пат. Трејлерот го потврдува и враќањето на останатите ликови, меѓу кои Џулс, Лекси и Меди.

Последната сезона на серијата на Сем Левинсон пристигнува на Ејџ-би-о на 12 април.

ИЗДВОЕНИ