Етанолот, состојка што се наоѓа во многу средства за дезинфекција на раце, наскоро би можел да биде забранет во Европската Унија поради загриженост дека го зголемува ризикот од рак.
Работна група на Европската агенција за хемикалии (ECHA) предложи класифицирање на етанолот како потенцијално канцерогена и токсична супстанца што може да предизвика и компликации во бременоста. Конечната одлука ќе ја донесе експертски комитет на крајот на ноември, а препораката потоа ќе биде доставена до Европската комисија.
Иако Светската здравствена организација сè уште го смета етанолот за безбеден за употреба во средствата за дезинфекција на раце, експертите предупредуваат дека треба да се размисли за замена на супстанцијата, особено затоа што се наоѓа и во многу други производи како што се средства за чистење, лосиони, лакови за коса и лекови.
Етанолот може да се претвори во ацеталдехид во телото, соединение кое е поврзано со оштетување на ДНК и поголем ризик од разни видови рак, вклучувајќи рак на црниот дроб, хранопроводот и дојката, објавува The Sun.