Истражувачки тим предводен од Медицинскиот универзитет во Виена, Истражувачкиот центар за природни науки Хун-Рен и Универзитетот Еотвеш Лоранд во Будимпешта разви револуционерен нов хемотерапевтски лек, LiPyDau, кој покажа извонредна ефикасност против повеќе типови тумори во претклинички студии, се наведува во студија објавена во списанието Medical News.
Во претклиничките студии, единечна доза на LiPyDau речиси целосно го инхибираше растот на туморот кај модел на меланом, а кај ракот на белите дробови, третманот беше ефикасен и кај стандарден модел на глувци и кај модел со човечки туморски клетки кои не реагираа на конвенционални лекови.
Кај агресивни модели на рак на дојка кај глувци, третманот со LiPyDau доведе до речиси целосна регресија на туморот, додека кај наследни, тешки за лекување форми на рак на дојка, туморите беа трајно елиминирани.
LiPyDau, исто така, покажа активност против туморски клетки отпорни на повеќе лекови.
Студијата наведува дека извонредната ефикасност на LiPyDau е водена од уникатен механизам, кој вклучува неповратно поврзување на два ланци на ДНК во клетките на ракот, предизвикувајќи штета што туморските клетки повеќе не можат да ја поправат, што на крајот доведува до нивно изумирање.












