Нешто многу убаво се подготвува во Скопје на 25 септември!
Македонија има капацитет да организира ваква манифестација од светски ранг. Оваа година одиме чекор понатаму. Со повеќе можности за нашите девојки и со амбиција ова да стане настан кој секоја година ќе го става фокусот врз македонската женска убавина, изјави Шакир Села, главен организатор на македонската манифестација „Мис на Македонија“.
По успешното минатогодишно прво издание на обновената манифестација „Мис на Македонија“ кога земјата првпат доби своја претставничка на изборот за „Мис Универзум“ во Мексико, годинава следува ново, најново. Уште погламурозно издание на оваа манифестација, која полека, но сигурно прераснува во традиција! Минатогодишниот избор беше организиран на строго професионално ниво. Имаше внимателна селекција, медиумско-новинарска поддршка (вклучувајќи го и весникот ВЕЧЕР, како и порталот vecer.press) и сценска продукција според сите светски стандарди. Затоа и реакциите беа воодушевувачки. Оваа година се очекува уште поголем интерес, како од потенцијалните кандидатки, така и од јавноста, медиумите и бизнис-заедницата.
–
Планетата Земја ќе има ексклузивна можност да ја гледа државата Македонија дури со пет претставнички. Тие ќе бидат избрани на гала манифестацијата „Мис на Македонија 2025“, која ќе се случи на 25 септември во Националната опера и балет. На исто место ќе се спои македонската женска убавина од пет девојки кои потоа ќе ја претставуваат државата на Светскиот избор за убавината. Ќе настапат на пет различни Интернационални сцени кои се со големо значење и со големо влијание во светот на убавината, модата, гламурот, шоу-бизнисот и воопшто, во животот. Со самото свое учество, девојките ја промовираат и својата држава, во случајот Македонија, македонската култура, македонската музика, македонската носија, македонскиот идентитет. Секако дека овие избори се и идеална можност за секоја од нив да направи светска кариера. Станува збор за: „Мис Универзум“, „Мис на светот“, „Мис Космо“, „Мис гранд интернешнл“ и „Мис супранешнл“ (Miss Universe, Miss World, Miss Cosmo, Miss Grand International и Miss Supranational.)
„Минатата година покажавме дека Македонија има капацитет да организира манифестација од светски ранг. Оваа година одиме чекор понатаму. Со повеќе можности за нашите девојки и со амбиција ова да стане настан кој секоја година ќе го става фокусот врз македонската убавина, култура и потенцијал, со големо задоволство изјави Шакир Села, главен организатор на македонскиот „Мис на светот“.
–
Апликациите се веќе отворени! Пријавувањето е достапно за сите девојки од Македонија кои имаат желба и амбиција да се натпреваруваат и да станат дел од оваа престижна манифестација.
Крајниот рок за испраќање на апликациите е 1 септември 2025.
Линк за апликација: https://www.missnorthmacedonia.com/
(Д.М.) фото:архива