Ексдиректорот на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време

131

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски  излезе со одговор на својот Фејсбук-профил за наводите за злоупотреби во Агенцијата што биле правени во периодот додека и тој раководел со службата, а се однесуваат на следење и прислушување на тогашниот лидер на опозицијата, а сега актуелен премиер Христијан Мицкоски, како и на бизнисмени и новинари.

Во објавата, Димовски без да наведува имиња, вели дека во периодот додека тој бил на чело на АНБ, лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, ниту, пак, брз него биле применувани било какви оперативно-технички мерки.

Димовски го повикува актуелниот директор на АНБ, Бојан Христовски да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, особено оние кои се однесуваат на Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ