Екс службеничка во администрацијата на Трамп се онесвести во студиото на Фокс Њуз/ВИДЕО

108
Foto: Printscreen/YouTube

Политичката коментаторка и поранешна службеничка во администрацијата на Доналд Трамп, Камрин Кинси, се онесвести за време на директно гостување во емисијата „Fox News @ Night“. Инцидентот се случи додека таа коментираше изјави на поранешниот претседател Џо Бајден во врска со поразот на Камала Харис на претседателските избори во 2024 година.

На видеото од емисијата се гледа како Кинси започнува да зборува, но потоа го губи текот на мислата, нејзините очи се затвораат и таа паѓа од столчето на подот. Водителот Џонатан Хант веднаш реагираше, повикувајќи помош и емисијата беше прекината со рекламен блок. По паузата, Хант ги информираше гледачите дека Кинси е свесна и дека медицинскиот персонал ја прегледува.

Подоцна, таа се огласи на социјалните мрежи, извинувајќи се за „неочекуваниот и застрашувачки момент“ и изрази благодарност до тимот на Fox News и до итната медицинска помош за нивната брза реакција. Таа додаде дека се чувствува подобро и дека се одмора и се хидрира, благодарна што сè е во ред. А, како можна причина за случката таа ги наведе заморот и стресот.

ИЗДВОЕНИ