Планирано е со грантот што го доби „Екологик“ да се направат 75 паркинзи од буриња и најпрво да им бидат понудени на училиштата, а потоа да ги има и пред банките и пред другите јавни институции. Исто така, и секој еден што е заинтересиран да може да набави ваков уникатен паркинг за велосипеди, со цел да придонесе за почиста и поодржлива околина
– Би ни било особено драго кога училиштата што ќе набават ваков паркинг, ќе им овозможат на децата сами да го насликаат и украсат со цртежи и со пораки поврзани со заштитата на природата. На тој начин, децата не само што ќе научат за важноста на рециклирањето и за одржливата мобилност туку и ќе стекнат чувство на сопственост и гордост кон нешто што самите го креирале. Преку вакви активности, сакаме да ги мотивираме граѓаните во нашата земја да ги користат велосипедите почесто и заедно да придонесеме за подобрување на велосипедската инфраструктура во урбаните средини – нагласуваат од „Екологик“
„Буре-Cycle“ е проект на Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Екологик“, кое за тоа доби грант вреден 8.000 евра, преку Академијата за циркуларна економија во рамките на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларната економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од организацијата „Луѓе во потреба“ (ПИН), во партнерство со АРНО, ЛЕАД и со „Ековита“.
– Проектот „Буре-Cycle“ и има цел да создаде велосипедски паркинзи од рециклирани метални буриња и од искористени гуми од велосипеди. Овие материјали, кои вообичаено завршуваат како отпад, ние ги трансформираме во уникатни и функционални паркинг-решенија, со што директно придонесуваме кон намалување на отпадот и кон промовирање на велосипедот како одржливо превозно средство – велат од „Екологик“.
Од „Екологик“ објаснуваат дека паркинзите се дизајнирани така што секој велосипед стои стабилно, без ризик од паѓање или од оштетување.
– Дури и кога се сите места целосно зафатени, конструкцијата овозможува управувачите и другите делови од велосипедите да не се допираат и да не се гребат. Дополнително, секој тип синџир или катанец за заклучување велосипед може да се користи без проблем. Дизајнот на паркинзите може целосно да се приспособи на желбите на купувачите (бои и брендирање), а самите паркинзи може да бидат мобилни (преместливи) или фиксно поставени, зависно од потребите. Од едно буре се изработуваат два дела, при што секој дел обезбедува простор за три велосипеди, што значи дека само едно повторно употребено буре овозможува паркинг за вкупно шест велосипеди – наведуваат од Здружението.
Оттаму сметаат дека овој проект не е само решение за заштита на животната средина туку и можност за едукативна и забавна активност на учениците.
Планирано е со овој грант да се направат 75 паркинзи од буриња и најпрво да им бидат понудени на училиштата, а потоа да ги има и пред банките и пред другите јавни институции. Исто така, и секој еден што е заинтересиран да може да набави ваков уникатен паркинг за велосипеди, со цел да придонесе за почиста и поодржлива околина
– Би ни било особено драго кога училиштата што ќе набават ваков паркинг, ќе им овозможат на децата сами да го насликаат и украсат со цртежи и со пораки поврзани со заштитата на природата. На тој начин, децата не само што ќе научат за важноста на рециклирањето и за одржливата мобилност туку и ќе стекнат чувство на сопственост и гордост кон нешто што самите го креирале. Преку вакви активности, сакаме да ги мотивираме граѓаните во нашата земја да ги користат велосипедите почесто и заедно да придонесеме за подобрување на велосипедската инфраструктура во урбаните средини – нагласуваат од „Екологик“.
Проектот официјално ќе почне со реализирање на први септември и ќе трае осум месеци, до април следната година.
– Првите месец-два се резервирани за подготовки и за финализирање на сите договори и набавки, по што ќе следуваат производство, промоција и реализација на продажбата. Целта е уште во текот на проектот да обезбедиме долгорочни партнери и да продолжиме со производството и продажбата и по завршувањето на оваа фаза. Дури и по завршувањето на овој грант, сакаме да продолжиме со изградба на повеќе паркинзи и да имаме купувачи – се надеваат од „Екологик“.
(А. П.)