Во основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром се одржа настанот „Екоотпечаток“, на кој учениците од најмала возраст покажаа голема грижа и креативност за заштита на животната средина. Настанот беше инспиративен пример како може да придонесат младите, со своите енергија и идеи, за поодговорно и поздраво утре.

– Иднината не се чека, туку се создава со секој наш избор. Радува фактот што учениците веќе од најмала возраст покажуваат искрена желба за зачувување на природата и за активно учество во создавањето поеколошки свет – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Општина Аеродром продолжува да ја поддржува програмата „Екоотпечаток“, како дел од проектите што ги промовираат европските образовни стандарди, со поддршка од програмата „Еразмус+“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Настанот поттикна учениците да ја претворат грижата за животната средина во конкретни дела, од обнова на училишните простории до акции за чистење и садење растенија.

 

ИЗДВОЕНИ