петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Економските санкции за Русија продолжени за уште шест месеци

Економските санкции за Русија продолжени за уште шест месеци

40

Советот на Европа во понеделникот објави дека ги обновил рестриктивните мерки на Европската Унија против Руската Федерација за дополнителни шест месеци, до 31 јули 2026 година. Како причина за ова ги наведува континуираните руски дејства што ја дестабилизираат ситуацијата во Украина.

Санкциите, кои првпат беа воведени во 2014 година, се значително проширени од февруари 2022 година, како одговор на воената агресија на Русија во Украина, се вели во соопштението, пренесува „Танјуг“.

Советот на Европа објави дека рестриктивните мерки во моментов се со широк спектар и вклучуваат ограничувања за трговијата, финансиите, енергијата, технологијата и стоките со двојна намена, индустријата, транспортот и луксузните стоки.

ИЗДВОЕНИ