Според податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, Државниот завод за статистика (ДЗС) ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2023 година. Сиромаштијата се пресметува врз основа на приходите, а прагот е дефиниран како 60% од медијалниот еквивалентен приход.
ДЗС соопшти дека во 2023 година стапката на сиромаштија во Република Северна Македонија изнесувала 22,2%.
Кога се анализира по типови домаќинства, домаќинствата составени од двајца возрасни и две издржувани деца имале стапка на сиромаштија од 17,8%. Според економската активност, 8,4% од вработените лица биле сиромашни, додека кај пензионерите стапката изнесува 11,3%.
Коефициентот на Џини, кој ја мери нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 30,3%, што покажува умерено ниво на економска нееднаквост во земјата.