понеделник, август 31, 2026
Дома СВЕТ „Економист“: Путин сe плаши дека ќе го обесат ако ја заврши војната...

„Економист“: Путин сe плаши дека ќе го обесат ако ја заврши војната без да го земе Донбас

31
epa12778121 Russian President Vladimir Putin speaks during a meeting of the supreme council of the Union State with Belarusian President Alexander Lukashenko at the Grand Kremlin Palace in Moscow, Russia, 26 February 2026. EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

Рускиот претседател Владимир Путин се одлучил за ескалација на војната во Украина, бидејќи верува дека неговиот живот би бил во опасност ако заврши без заземање на Донбас, пишува „Економист“.

– Рускиот систем толерира насилство, но не простува неуспеси, пишува „Економист“ и додава дека Путин очигледно верува дека завршувањето на војната без заземање барем на Донбас би го изложило на физичка опасност.

Според извор од Кремљ, во еден момент за време на војната, Путин наводно им рекол на некои од неговите соработници: „Ќе ме обесат“. Еден од клучните проблеми на Кремљ е исчезнувањето на премолчената согласност на руското општество за војната, смета авторот на текстот. Довербата во пропагандата опаѓа, младите луѓе повикуваат на крај на војната на социјалните медиуми, а рејтингот на Путин опаѓа. Расположението меѓу елитата е уште попесимистичко, а како што вели рече еден нејзин припадник, клучниот проблем веќе не е економската состојба или недостатокот на воен успех, туку изгубеното време во војната, навдува „Економист“.

– Војната во целосен обем трае речиси пет години и е неуспех. Постои зхолемено чувство дека „царот го нема“, вели друг претставник на руската елита.

„Економист“, исто така, укажува дека Русија веројатно ќе ја зголеми хибридната војна и саботажата против сојузниците на Киев, како и нападите врз снабдувачките патишта од Европа до Украина. Дополнително, еден од долгогодишните соработници на Путин забележа дека тој, веројатно, посетата на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва, ја сметал како знак на слабост на Вашингтон. Според соговорниците на весникот, Путин реагирал на наполно ист начин кога, во ноември 2021 година, во Москва дојде Вилијам Бернс, директор на ЦИА за време на мандатот на Џо Бајден. Тој отпатува за Русија за да го предупреди Кремљ да не ја напаѓа Украина, а три месеци подоцна, нападот сепак се случи.

ИЗДВОЕНИ