„Екологик“ стана член на европската мрежа „Конект интернешнл“

22

Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина „Екологик“ (Eco – Logic) стана член на „Конект интернешнл“, европска мрежа што ги обединува организациите и поединците посветени на поддршката на младите и на заштитата на дигиталните права.

– Со ова членство, отвораме ново поглавје во меѓународната соработка, заедно со повеќе од 50 организации од цела Европа што ја движат праведната, етичка и инклузивна дигитална трансформација. Продолжуваме да градиме проекти и иницијативи што носат иновации и одржлив развој во дигиталниот свет – потенцираат од „Екологик“.

 

ИЗДВОЕНИ