Општинските служби кои ја одржуваат хигиената на јавниот простор во Општина Карпош, викендов спроведоа еко акција за чистење на потегот од Злокуќани кон Бардовци, односно на т.н. пазар за зелки. -Во акцијата беше опфатен и поголем дел од улицата „Скупи“, како и патот до гробиштата во Бардовци каде е подигнат и кабест отпад- соопштија од Општина Карпош.
Оттаму додаваат дека освен оваа акција, хигиеничарите од општината тековно ја чистат и одржуваат хигиената на целата нејзина територија.












