понеделник, јануари 19, 2026
Дома СВЕТ ЕК го презентираше новиот закон на ЕУ: 21-от век ќе биде век...

ЕК го презентираше новиот закон на ЕУ: 21-от век ќе биде век на вселената и век на нови граници во неа

102

Европската комисија денес го презентираше Законот за вселената на ЕУ, долгоочекувана реформа на регулативите што ќе влијае на брзорастечката вселенска индустрија.

Законот има за цел да создаде единствен пазар за компаниите што обезбедуваат вселенски услуги во ЕУ, а воедно да ги зајакне напорите за зголемување на конкурентноста во однос на Соединетите Американски Држави и другите комерцијални вселенски сили, објави „Ројтерс“.

Законот, исто така, воведува регулативи за решавање на растечкиот проблем со преоптовареност на вселената со илјадници сателити во орбитата и 128 милиони парчиња вселенски отпад.

Европската комисија соопшти дека новиот закон, исто така, воведува мерки против заканите од кибернапади и електронски пречки, како и за промовирање на еколошки одржливо користење на вселенските ресурси.

Законот предвидува безбедно отстранување на сателитите по оперативните активности, задолжителни проценки на ризикот, мерки за сајбер безбедност за вселенските оператори и воспоставување правила за мерење на влијанијата врз животната средина.

„21-от век ќе биде век на вселената и век на нови граници во вселената. Ние сме на почетокот на вселенска револуција“, рече комесарот на ЕУ за вселена и одбрана Андриус ​​Кубилиус.

ИЗДВОЕНИ