EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Ракометната репрезентација на Португалија загуби со 32:30 од Германија, на првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска, но по мечот следуваа големи реакции за арбитражата на шведските судиите, Куртагиќ и Ветервик.

„Проблемот е во тоа што пред судиската свирка, ниту еден германски играч не смее да биде на нашата половина, а таму беа двајца. Шурлоф беше кај линијата од девет метри. Можеби јас не ги разбирам правилата.“ – рече португалскиот репрезентативец, Руи Силва.

Реакција имаше и од португалскиот селектор, Пауло Переира, кој вели дека секој гол на крајот може да биде решавачки.

„Во моментот на свирката најмалку еден играч беше на нашата половина. Тоа е грешка. Судијата мораше да ја сопре играта и акцијата да почне од почеток. Вака постигнаа нерегуларен гол. Никогаш не може да знаеме дали тој гол на крајот ќе биде решавачки. Ако Данска ја победи Германија, бодовно ќе бидеме израмнети.“ – рече Переира.

Од ЕХФ, пак ја признаа направената судиска грешка и детално ја објаснија ситуацијата.

„Во 59:55 минута од мечот германскиот играч со број 54 го изведе почетното фрлање по голот на Португалија. Проблемот настана откако двајца германски играчи, со број 5 и број 23 ја минаа централната линија пред судискиот свиреж. Потоа играчот со број 23 ја прими топката и постигна гол. Исправната процедура ќе беше повторување на почетното фрлање, но според нашата проценка тоа немаше да го смени поседот на топката“, соопштија од ЕХФ, додавајќи дека ситуацијата не можела да биде предмет на ВАР бидејќи не припаѓа во рамките на „Game Changing Situations“..

Репрезентацијата на Норвешка, пак ја совлада Шпанија со 35:34 во драматичен натпревар од првата група во главната фаза на Европското ракометно првенство.

Најдобар поединец на натпреварот беше Норвежанецот Педерсен со 11 голови, а во редовите на Шпанија осум погодоци постигна Алеш Гомез. Норвешка ги освои првите два бода во групата, додека „фуријата“ останува без бодови на своето салдо.

Домаќинот Данска по огромна драма го добија дербито против Франција 32:29 и триумфално ја отворија главната фаза на Европското првенство. Ова беше натпревар за Данците „да се биде или не“, бидејќи не пренесоа бодови во главната фаза па пораз ќе значеше веројатно и крај за амбициите за полуфинале.

Матијас Гидсел со девет и Симон Питлик со осум гола беа најдобри во таборот на Данците, додека кај Франција се истакна Емерик Мине со седум.

 

ИЗДВОЕНИ