Египетското јадење „кошари“ и италијанската кујна станаа дел од списокот на нематеријално културно наследство на Унеско

23
Лутото јадење од леќа, ориз и тестенини кое често се продава на улиците на Египет, и италијанската кујна добија признание од „Унеско“, (Организација за образование, наука и култура на ООН“) како дел од нематеријалното културно наследство, објави „Танјуг“.
Египетската номинација ја нагласува долгата историја на јадењето настанато како комбинација од јадења од различните региони – леќа од регионот Плодна полумесечина во југозападна Азија, потоа ориз од источна Азија, како и домат и луто пиперче, пренесе „Ројтерс“.
Низ земјата постојат варијации на овој рецепт – од Каиро до Александрија и Горен Египет, а јадењето денес се приготвува и со додатоци како варени јајца.
„Кошари“ стана популарно египетско јадење во текот на 20-тиот век благодарение на рестораните и уличните возила, а отсуството на животински производи го направи омилено меѓу коптстките христијани кои псотат, како и меѓу младите Египќаи кои преминуваат на вегетаријасна исхрана.
„Унеско“, исто така, ја призна и италијанската кујна како нематеријално културно наследство, а индустриските групи веруваат дека тоа неформално признание на популарната кујна ќе го поттикне и развојот на туризмот.
Седницата за нематеријално културно наследство се одржува во индиската престолнина Њу Делхи, а на Списокот на нематеријално културно наследство се додадени и индискиот фестивал „Дивали“ и неговите традиции, како и исландската традиција на капење во базени.

ИЗДВОЕНИ