Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси го помилува истакнатиот египетско-британски активист Ала Абдел Фатах по години притвор и повторени штрајкови со глад што предизвикаа меѓународни повици за негово ослободување, објави денес „Ал Каиро њуз“.
Абдел Фатах, 43, стана најистакнатиот политички затвореник во Египет откако го помина поголемиот дел од својот живот во притвор поради својот активизам, објави „Ројтерс“.
И покрај бројните локални и меѓународни кампањи за негово ослободување, особено за време на самитот за климата COP27 во Египет во 2022 година, можноста за помилување стана реалност дури кога Сиси им нареди на властите во септември да го разгледаат неговото можно помилување.