недела, март 1, 2026
Дома СКОПСКА  Едукативни средби со 102 стопански субјекти за правилно фрлање на отпадот

 Едукативни средби со 102 стопански субјекти за правилно фрлање на отпадот

29

Во текот на минатата седмица, Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ реализирала работни средби со претставници на 102 стопански субјекти – маркети, ресторани, бурекџилници, слаткарници, кафетерии и бутици, со цел нивно запознавање и едукација за начинот на правилно фрлање на отпадот.

-Во рамките на работните средби, претставниците на Екопатролата презентираа на кој начин и каде комуналниот отпад и отпадот од пакувања што се создаваат при работењето на овие стопански субјекти треба правилно и прописно да се одложат, со цел да се постигне максимална заштита на животната средина и јавното здравје, а воедно да се избегне и појава на оштетување или опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.

Активностите на Екопатролата при ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжат и во претстојниот период.

 

ИЗДВОЕНИ