Еднократна парична помош за лицата со попреченост во Карпош

131

Општина Карпош ќе им додели еднократна парична помош на лицата со попреченост. Еднократната парична помош во висината од 5.000 денари е по повод 3 Декември – Денот на лицата со попреченост.

За таа цел, Општина Карпош денеска распиша јавен повик.

Право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост, жители на општина Карпош.

Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, до исцрпување на предвидените средства.

Јавниот повик трае до 27.11.2025 година.

 

 

ИЗДВОЕНИ