четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар

Еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар

58

Општина Центар ќе доделува еднократна парична помош за глувонемите лица во Центар.

Ова било договорено на средбата меѓу градоначалникот Горан Герасимовски и претставниците на Сојузот на глуви и наглуви – Даре Џамбаз.

Од Општина Центар информираат дека на средбата се разговарало за актуелните потреби и предизвици со кои се соочуваат овие лица, како и за можностите за понатамошна поддршка од страна на општината.

Притоа, Герасимовски најавил дека еднократната парична помош за глувонемите лица ќе се доделува еднаш годишно.

– Центар е една од ретките општини која обезбедува лични асистенти и финансиска поддршка за децата и семејствата кои имаат таква потреба. Со оваа нова мерка ќе покажеме дека секој наш сограѓанин е важен и дека заедно градиме општество на еднакви можности. Од следната година, глувонемите лица ќе добиваат еднократна парична помош. Како општина обезбедивме бесплатен паркинг за глувонемите и ме радува тоа што се задоволни од оваа мерка  – изјави Герасимовски.

На средбата било договорено во септември да се одржи нова, на која дополнително ќе се разгледаат предлози и барања од здруженијата, со цел тие да се вградат во програмите на Општина Центар.

 

ИЗДВОЕНИ