понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Едноиполмесечно бебе донесено починато на Детската клиника

Едноиполмесечно бебе донесено починато на Детската клиника

83

Едноиполмесечно машко бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје. Според информациите, бебето било донесено без знаци на живот во раните утрински часови на 29 јули, а дежурен лекар ја констатирал смртта. Настанот бил пријавен во полиција, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.

ИЗДВОЕНИ