среда, февруари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Едно лице загина, едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа кај Кучевиште

Едно лице загина, едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа кај Кучевиште

291

Шеесет и петгодишен скопјанец загина во тешлата сообраќајна несреќа што синоќа се случи кај скопско Кучевиште.

– На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од село Кучевиште, скопско, информираа од МВР.

– На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од полицијата за Скопје Инфо.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки.

Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.

Во моментов сообраќајот по стариот пат за с. Кучевичка бара се пренасочува. Се преземаат мерки за утврдување на причината за незгодата и за расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ