Едно лице настрада, а 22 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

32

Деведесет и тригодишен маж почина, а 22 други се повредени во пожар во дом за стари лица во североисточна Шпанија, соопштија властите денес.

Пожарот избувнал во соба на приземјето околу 23 часот синоќа во домот за стари лица во Сарагоса, соопшти локалната служба за итни случаи на социјалните медиуми „Икс“.

Двајца мажи биле во собата, од кои едниот починал на местото на настанот. Тој бил инвалид и не можел да си замине, изјави за новинарите градоначалничката на Сарагоса, Наталија Чуека.

Пожарот, кој сè уште е под истрага, можеби е предизвикан од прегреан полнач за електрична инвалидска количка, според директорот на домот.

Дваесет и две лица се повредени, вклучувајќи 46-годишен маж од службите за итни случаи. Тие беа однесени во болница, со повреди главно предизвикани од вдишување чад.

Во домот за стари лица живееја 132 лица. Службите за итни случаи и локалните жители помогнаа во евакуацијата, а некои мораа да бидат спасени преку скршени прозорци, според извештаите на локалните медиуми.

Еден сосед рече дека ги скршил прозорците со дебело стакло со чекан и барски столчиња за да влезе и да помогне во евакуацијата.

ИЗДВОЕНИ