Едно евро за влез во Херцег Нови

62

Туристите што организирано ќе го посетуваат Стариот град на црногорското летувалиште Херцег Нови, од ова лето ќе плаќаат излетничка такса од едно евро.

Како што пренесува „Новски портал“, таксата се однесува само на организирани групи со туристички водичи. Тие ќе треба да се јават во туристичко-информативното биро, каде што ќе пополнат ваучер и ќе ја извршат уплатата.

Од Туристичката организација на Херцег Нови појаснуваат дека не очекуваат веднаш широка примена на оваа мерка, особено не кај излетниците што пристигнуваат со бродови од Будва, Тиват и од Котор.

Сепак, локалните власти сметаат дека оваа симболична такса ќе придонесе за подобра организација на туристичките посети и за дополнителни приходи за развој на туристичката понуда.

 

ИЗДВОЕНИ