Една од најретките ајкули на светот е забележана покрај брегот на Велс

84
Фото:принтскри, видео Х

Една од најретките ајкули на светот е забележана кај брегот на заливот Кардиган во Велс, објави „Би-би-си“.

Ајкулата-ангел, позната и по името скалт е критично загрозен вид, а очевидците ја опишаа како „ретка и возбудлива“ глетка.

Забележана е со подводните камери кои се користат за проучување група делфини, пренесе „Би-би-си“.

Последен пат овој вид е забележан во водите во близина на Велс во 2021 година.

ИЗДВОЕНИ