Олимписките игри во Милано и Кортина влегуваат во последните неколку дена. Полека се издвојуваат земјите кои ќе однесат најмногу медали и ќе добијат најголеми парични награди. Најдарежлива земја е Сингапут, која нуди околу 792.000 американски долари за индивидуално злато, 395.000 за сребро и 197.000 за бронза – највисока златна премија меѓу анализираните земји. Хонг Конг е втор на оваа листа со 768.000 долари за златен медал, 384.000 за сребрен и 192.000 за бронзен, иако досега нема освоено медал на Зимските игри.
Во Европа, освојувачите на злато во Полска добиваат околу 211.000 долари, автомобил „Тојота корола“, двособен стан, слика, ваучер за одмор и накит. И сребрените и бронзените медалисти добиваат комбинација од пари и материјални награди.
Домаќинот Италија нуди 214.000 долари за злато, 107.000 за сребро и 71.000 за бронза.
Во Милано и Кортина околу 3000 спортисти од повеќе од 90 земји се борат за олимписки медали кои може да им донесат голема парични и материјални награди.












