Сигурно сте имале барем неколку прекрасни, убави соништа во вашиот живот што сте сакале да ги повторите. Ако долго време сте размислувале за тоа и ако сликите од тој сон постојано ви биле во главата, сигурно е дека се повторил. Или дека сте ја продолжиле авантурата во одреден момент.
Можеби не сте биле свесни за вашата способност да привлечете позитивни и убави мисли во вашиот сон во тој момент, но сега ви е делумно јасно дека тоа е можно.
Како изгледа техниката?
Еве 5 чекори што ќе ви помогнат да го сонувате сонот што го сакате:
1. Целосно опуштете го вашето тело. Фокусирајте се на позитивни емоции. Треба да бидете целосно опуштени, а пријатна бања или лесна музика пред спиење може да ви помогнат во ова.
2. Штом ќе легнете, затворете ги очите и визуелизирајте ја посакуваната личност или настан за кој сакате да сонувате. Нека ви бидат само слики во главата, за да ви биде ослободен мозокот од непотребни информации.
3. Прецизно замислете го посакуваниот сон, фокусирајте се на деталите. На пример, ако сакате да сонувате за некоја личност, размислете детално. Замислете како е облечена личноста, размислете за нејзината фризура, какви се нејзините прсти, како оди… Ако треба да решите важен проблем, концентрирајте се на неговиот главен дел и фокусирајте се на неговото решение.
4. Изберете едно клучно нешто што сакате да го почувствувате и видите во вашиот сон. Откако ќе го изберете, обидете се повторно да го опуштите вашето тело и да заборавите на деталите. Сега избркајте ги сите непотребни слики и концентрирајте се исклучиво на една важна слика и емоциите што таа ги предизвикува во вас.
5. Да го запомнете сонот. Често се случува да го заборавите сонот кога ќе се разбудите. Пред да заспиете, ставете хартија и пенкало до креветот и веднаш по будењето, запишете го целиот сон.
Усвојте ја оваа техника и по некое време ќе станете водич на свопствените соништа. Ако забележите дека вашите соништа ве вознемируваат, многу е веројатно дека сте под стрес. Анализирајте го она што сте го запишале, а ако сè уште немате решение, направете пауза од оваа техника, а потоа повторете ја за неколку месеци. Бидејќи гарантира само добри соништа.












