Британскиот државјанин Вишвас Кумар Рамеш, кој чудесно ја преживеа несреќата на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, моментално е во болница на лекување, и како што истакна самиот не може да објасни што се случило во моментот кога авионот почнал да паѓа.

Рамеш вели дека сè се случило пред неговите очи и дека не може да поверува дека бил единствениот преживеан од сите луѓе, или поточно 241, кои биле во авионот со него.

Кога новинарот го прашал како успеал да излезе од авионот, Рамеш рекол:

  • Вратата за итни случаи беше скршена. Моето седиште беше скршено. Видов дека имам малку простор и се обидов да излезам. Се сеќавам на звукот од пукање метал и луѓе што трчаат, а потоа сè се стемни – рекол тој и додал:
  • Сè се случило пред моите очи. За момент почувствував дека ќе умрам, но кога ги отворив очите, бев жив. Го откопчав седиштето и излегов низ отворот. Пред моите очи, стјуардесите, тетки и чичковци лежеа мртви.

Рамеш се сетил дека неколку моменти по полетувањето, авионот како да застанал.

  • За една минута, се чувствуваше како авионот штотуку да застана. Зелените и белите светла трепкаа, рече тој.

 

ИЗДВОЕНИ