На 30.12.2025 година по преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на ул.„192“ на подрачје на Бит Пазар во Скопје пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства, информираат од МВР.
Во соопштението се вели дека е известен Јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави.












