Единаесет месеци од падот на настрешницата во Нови Сад, комеморативни собири низ Србија: Илјадници луѓе на улиците на Белград, Ниш, Крагуевац/видео

48

Денес во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Прокупље и други градови беа организирани комеморативни собири за да се одбележат 11 месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, објавуваат српските медиуми.

Неколку илјади луѓе се собраа на комеморативните собири организирани од студентите во блокада во градовите низ Србија.

Белградските студенти ги повикаа граѓаните да ги остават своите свирчиња дома и најавија дека колоната ќе се упати од железничката станица Прокоп, каде што започна собирот, до железничката станица во Нов Белград.

Студентите и граѓаните на комеморативна прошетка стигнаа до Железничката станица во Нов Белград, каде што беа пречекани од моторџии.

Поворката се движеше во тишина цело време и беше пречекана со блесоци, јавува репортер на „ФоНет“.

Претходно, студентите од Прокоп ги поздравија ветераните со аплауз.

Колоната се движеше низ неколку улици во Белград: Булевар кнеза Александар Караѓорѓевиќ, Булевар војводе Путница, Мост Газела, Булевар Арсенија Чарноевиќ, Арена клучка, Антифашистичка улица до Железничката станица Нов Белград.

ИЗДВОЕНИ