четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Единаесет месеци казна затвор за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери...

Единаесет месеци казна затвор за родителот кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на Брегалница

50

Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот законик. Тој е осуден на казна затвор од 11 месеци, а пресудата не е правосилна, следи периодот на жалби до Апелациониот суд во Штип.

ИЗДВОЕНИ