Еден век летачка традиција – генерации пилоти, моделари и визионери

36

– Овој јубилеј не е само потсетник на славното минато туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе продолжат да ја градат авијацијата во Битола – велат организаторите на прославата

 

Аероклубот „Мирко Тодоровски“, на 11 октомври, на спортскиот аеродром крај Логоварди, Битолско, ќе прослави еден век летачка традиција и ќе им оддаде почит на храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата во Битола. Од аероклубот, основан во 1930/1931 година, произлегоа генерации пилоти, моделари и визионери.

– Овој јубилеј не е само потсетник на славното минато туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе продолжат да ја градат авијацијата во Битола – велат организаторите на прославата.

Програмата ќе започне во 11:00 часот, со свечена академија, доделување признанија на заслужни членови и со премиера на видеозаписот „100 години аероклуб“. Денот ќе биде исполнет со летови на авиомоделарите, музички настапи и со гастрономска понуда.

– Практично, на 11 октомври, градот ќе го преселиме од Широк сокак на саботно корзо на спортскиот аеродром, а влезот ќе биде слободен – велат организаторите.

ИЗДВОЕНИ