Вулканот Левотоби Лаки Лаки денес еруптираше во Индонезија, ослободувајќи огромен облак од жешка пепел висока дури 11,7 километри, објави „Кликс“.
Облакот од облик на печурка можеше да се види од градови на оддалеченост до 145 километри.
Ерупцијата ги натера властите да го зголемат нивото на тревога за вулканот на највисоко ниво, предупредувајќи за обилни врнежи од дожд што потенцијално би можеле да предизвикаат истекувања на лава во реките кои извираат од вулканот.
Опасната зона е проширена на околу осум километри од кратерот по значителна вулканска активност. Нема пријавени жртви.
Вулканот Левотоби Лаки Лаки последен пат еруптираше во мај.
Ерупцијата во ноември минатата години усмрти девет лица, а повреди десетици, додека друга ерипција во март предизвика прекини во воздушниот сообраќај и откажувања на летови до Бали.