Еден од најголемите пожари голта делови од Турција: 20 хеликоптери и 2.000 пожарникари на терен/ВИДЕО

182

Еден од најголемите шумски пожари во Турција оваа година ја зафати јужната покраина Денизли, при што 20 хеликоптери и повеќе од 2.000 луѓе се борат со огнената стихија, соопштија покраинските власти.

Пожарот избувна на 29 август и неговото гаснење трае веќе четири дена, пренесе Вијести.ба.

Според локалните власти, 20 хеликоптери, 619 возила и вкупно 2.205 луѓе се борат со шумскиот пожар во регионот Булдан. Интензитетот на пожарот се намалува, но операциите за гаснење сè уште се во тек.

Жителите на две села се евакуирани поради пожарот.

Генералниот директорат за шумарство на Турција соопшти дека од почетокот на годината се регистрирани вкупно 2.476 шумски пожари, кои се успешно изгаснати и ставени под контрола.

Покрај Денизли, во тек се и воздушни и копнени интервенции за гаснење на шумските пожари во Карабук и Ајдин.

ИЗДВОЕНИ