Во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат кај место викано „Превалец“, во атар на с.Трновац, кратовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат добло“ управувано од Љ.Т.(54) од Скопје и возило „дачија сандеро“ управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал сопатникот од возилото „фиат добло“ А.А.(38) од Скопје и од страна на лекар констатирана била смрт, а со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.