Еден ден по масакрот во Грац, полицијата евакуираше градинка и училиште

88
EPA-EFE/ERWIN SCHERIAU

Само еден ден по масовното пукање во австрискиот град Грац, во кое Артур А. (21) уби 10 лица, а потоа изврши самоубиство, повторно е подигната тревога во истиот грд.

Полицијата итно евакуираше градинка и училиште недалеку од училиштето каде што се случи масакрот вчера.

Според RTL, полицијата е на местото на настанот од 9:30 часот утрово, а децата се итно евакуирани од градинка и училиште. Исто така, до овие згради сега е невозможно да се пристапи.

„Нè повикаа да ги земеме децата“, изјави за RTL Ана (32), мајка на момчето Даријан (8), додавајќи дека доживеала голем стрес.

Нејзиниот син рекол дека наставничката им рекла да излезат надвор, но не дала причина.

Како што објави Блиц, во една зграда е пронајден сомнителен предмет.

Се верува дека станува збор за куфер, но полицијата сè уште не објавила никакви официјални информации.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека досега имало неколку изолирани закани кон училиштата, односно имитатори на вчерашниот случај, но дека полициската акција продолжува.

ИЗДВОЕНИ