Ед Ширан откри дека веќе има подготвен албум што јавноста нема да го слушне додека не умре.
Пејачот, кој има 34 години, му рече на водителот Зејн Лоу на Apple Music 1 дека покрај неговиот последен албум што ќе го издаде за време на неговиот живот, наречен „Stop“, ќе има и следниот, посмртен албум „Eject“, кој ќе биде објавен дури по неговата смрт.
„Всушност, тоа би бил Stop, а потоа Eject“, објасни Ед Ширан кога водителот претпостави дека Stop ќе биде неговиот последен проект.
„Eject е албум со тестамент. Тој е навистина дел од мојот тестамент и мојата сопруга ќе ги избере песните за него. Сè е напишано – ако умрам утре, тоа е она што ќе се случи.“
Ширан додаде дека овој албум ќе биде ретроспектива на неговиот живот како текстописец, а неговата сопруга Чери ќе избере песни од неговата архива на необјавени песни.
„Мојата последна желба е да направам албум од песните што ги пишував од 18-годишна возраст па наваму – кога ќе умрам, да се изберат најдобрите 10. А тоа би било како… замислете ако Пол Мекартни почине и бидат објавени раните снимки на Битлси од кога имал 16 години па сè до крајот – првите десет од целата нивна кариера.“
Тој додаде дека веројатно ќе „извлече насоки“ за својата сопруга за тоа кои песни сака да биде избрани, но нагласи дека не сака никој друг да влијае на неговиот музички опус по неговата смрт.
„Не сакам луѓето едноставно да ги составуваат работите набрзина и да ги објавуваат“, рече тој.