ЕЦБ ќе го менува изгледот на евробанкнотите

37

Европската централна банка (ЕЦБ) објави јавен конкурс за нов изглед на евробанкнотите, на кој можат да конкурираат графички дизајнери кои живеат во Европската Унија. Конкурсот завршува на 18 август.

Последниот збор за новиот изглед на парите, сепак, ќе го кажат граѓаните, кои ќе се изјаснат за добиените понуди во текот на наредната година. Неколку години подоцна банкнотите со нов лик ќе бидат подготвени за пуштање во оптек.

Управниот совет на ЕЦБ избра две можни теми за идните евро банкноти по консултации со експерти и со јавноста. Темата „Европска култура“, е фокусирана на заеднички културни простори и важни Европејци, а темата „Реки и птици“ има фокус на отпорноста и разновидноста на природните екосистеми на Европа. Во јануари Управниот совет, исто така, избра мотиви за да ги илустрира двете можни теми.

Конкурсот ќе се одвива во две фази: аплицирање и предлог за дизајн. Избраните во фазата аплицирање ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза и да ги достават своите предлози за дизајн.

ИЗДВОЕНИ