Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука да ја задржи основната каматна стапка на непроменето ниво на два проценти, нагласувајќи дека новите економски прогнози отсликуваат посветла иднина за економијата на еврозоната по една година нестабилност.

Одлуката следува откако, пред три месеци, Банката ја ревидираше својата прогноза за економскиот раст на еврозоната за оваа година од 1,2 на 1,4 проценти, со забелешка дека не се оствариле стравувањата од првиот годинашен квартал дека тензиите во трговските односи со САД би можеле да се одразат негативно врз европската економија.

ЕЦБ прогнозираше раст на економијата во рврозоната од 1,2 отсто во 2026 и по 1,4 проценти во 2027 и во 2028 година. Претходните прогнози од пред девет месеци за економскиот раст за идната година беа од 1,0 отсто, а за 2027 од 1,3 проценти.

– Очекуваме економскиот раст да биде поголем отколку во септемвриските проекции, особено поттикнат од домашната побарувачка – се вели во соопштението на ЕЦБ.

По одлуката за висината на каматната стапка на ЕЦБ, се очекува трошоците за кредитирање во еврозоната да останат непроменети и во текот на 2026 година, освен ако не се случи некој голем непредвидлив економски шок.

 

ИЗДВОЕНИ