„Е сега ќе видиш што ќе ти се случи“… и се случи, фемицидот ги дигна граѓаните на протест

Илија Стефановски бил осуден на 1,4 години, со условна мерка

4661

Судијата Шефшет Адеми од Основниот суд во Велес, на 10 септември, пет дена пред двојното убиство на Росица и нејзиниот татко, го прогласил за виновен обвинетиот Илија Стефановски и му изрекол алтернативна мерка -условна казна  затвор од три години. Во пресудата до која дојде весникот Вечер стои дека мерките на предпазливост кои претходно му биле изречени на барање на Центарот за социјални работи, а во трање од 6 месеци остануваат во сила и тоа- Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно, забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето или било кое место кое редовно го посетува жртвата.

Во меѓувреме, Стефановски решава да ги прекрши сите изречени мерки уште во јуни годинава. Оди во Велес барајќи ја Росица, го убива прво нејзиниот татко, а потоа извршува и фемицид. Драмата во смејната куќа на девојката која е уште една жртва од недоволното постапување на системот во превенција на родовото насилство, завршува со самоубиство на насилникот.

Судијата Адеми кој има долгогодишно искуство во велешкиот суд, го огласува за виновен за сторено кривичните дела „Загрозување на општата сигурност“ и „Насилство“ врз Росица, и тоа во два случаја, првиот во февруари, а вториот по еден месец кога освен девојката жртва на Илија бил нејзиниот партнер со кој живеела. Ова била прва кривична пресуда против Стефановски кој претходно поминувал со мерки, изречени во прекршочна постака. По десетиците пријави во полицијата кои се воделе како поплаки, жалби… настаните од почетокот на годинава, а по пријава на Росица во јавното обвинителство го оформуваат кривичниот предмет со број 123/25. Кон крајот на февруари додека таа го шетала кучето нешто пред полноќ од позади и пришол Илија и со раката и ја затворил устата и почнал да ја удира во главата. „Е сега ќе видиш што ќе ти се случи“ и се заканил насилникот на поранешната парнерка. Сега починатата Росица  повредите на судење ги докажала со извештај од велешката болница каде побарала медицинска помош. Но насилникот не запрел, по еден месец Илија ја чекал да излезе пред влезната врата од станот каде живеела со нејзиниот партнер. Му се нафрлил на момчето, го соборил и го турнал во ходникот каде го притискал со прстот во окото и му нанел повреди. Росица повикала полиција, но пред да дојде, Илија од терасата од 4 кат на зградата, преку олуците,се симнал  доле и избегал.

И до сето ова можеби немаше да дојде доколку институциите навремено не го превенирале злосторството причинето од родово насилство. Паралелно со условната казна по пресудата од 1,4 месеци, во обвинителството во Скопје неколку месеци се водела истрага за тепањето и киднапирањето во домот на Стефановски.

Граѓаните во четвртокот излегоа на протест во знак на револт од убиството на младата велешанка. Упатија барања за институционална одговорност и санкции, како и оставки и дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите за социјална работа, односно за сите што биле запознаени со случајот на Росица. Апелираа и да се направат и обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството и Центрите за социјална работа.

-Доколку сите пријави и од претходните жртви на насилство од страна на убиецот беа сериозно сфатени, немаше да дојде до двојното убиство. Каде се тие пријави, постапил ли некој по нив или дозволил листата на жртви да расте. Државата има створено совршени услови да насилниците слободно шетаат и да просперираат,кажа Халија Димитрова од граѓанската организација Медуза.

Истражните органите потврдија дека имало пријави и од претходни жени-жртви на насилниот Илија и оти поминувале во полициските записници како поплаки, жали, помирувања.

-Користењето на лични врски и општествена моќ за избегнување на вина мора да престане. Ги повикуваме и мажите да се приклучат кон оваа борба,зошто ова е проблем со машко насилство, и мора сите заеднички да се договориме и колективно да делуваме, порача Марта Стефковска од „Стела“.

Дел од активистите, зборувајќи на мегафон, порачаа дека случајот на Росица не смее да се сведе на бројка или статистика.Изразија надеж дека овој протест ќе донесе промени, оти во спротивно трагедиите ќе продолжат да се повторуваат, а јавноста брзо ќе ги заборава.

„Денес е Росица, утре друга, но прашањето не е која е следна, туку што можеме да сториме за да го спречиме тоа“,кажаа тие.

Убиството на Росица го осудија и од европската делегација во земјава, уште повеќе што се случи на одбележувањето од Пекиншката декларација и платформа за акција како пресвртница во унапредувањето на правата на жените. Оттаму, додаваат дека оваа трагедија не е изолиран инцидент туку ги отсликува празнините во системот.

„Институциите мора да делуваат одлучно, да истражуваат детално и да обезбедат секоја пријава на насилство врз жена да е проследена со вниманието кое го заслужува. На оваа симболична годишнина, ја обновуваме заложбата направена во Пекинг пред три децении: да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата и да се гарантира нивното право на сигурност, достоинство и еднаквост“ наведуваат од Делегацијата на ЕУ. (П.А.)

Велешкиот суд во јуни по втор пат му изрекол мерки на Илија Стефановски, апелација ги потврдила во август

 

 

ИЗДВОЕНИ