Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите во пресрет на ждрепката на групната фаза во Лигата на шампионите за новата сезона (2025/26).

Македонија и во новата сезона ќе има свој претставник во елитата, откако Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за ново учество во групната фаза. Битолскиот тим е сместен во третиот шешир што значи дека ќе добие противници од Германија, Франција, Унгарија или Полска.

Во третиот шешир покрај Еурофарм Пелистер се и Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон и Колштад. Ждрепката за групната фаза за новата сезона во Лигата на шампионите е закажана за утре, со почеток од 15:00 часот.

Шешири за ждрепка во ЛШ:
• Шешир 1: Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем
• Шешир 2: Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Келце, ПИК Сегед
• Шешир 3: Еурофарм Пелистер, Спортинг Лисабон, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт

ИЗДВОЕНИ