Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Искусен и квалитетен голман доаѓа во Битола и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за новата сезона.

Се работи за 34-годишен голман, кој во својата земја е голема спортска ѕвезда. Саид Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан, откако даде голем придонес за освојување на титулата првак на Србија, која „црно-белите“ ја освоија изминатава сезона.

Хеидарирад долги години е во Европа, пред да дојде во Србија седум сезони настапуваше за романскиот гигант Динамо Букурешт и освои многу трофеи со клубот од главниот романски град. Саид Хеидарирад кој е висок 194 сантиметри е незаменлив во иранската репрезентација, а беше дел и од неколку светски првенства и шампионати на Азија.

ИЗДВОЕНИ