Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во моментов во земјава нема активни пожари. Активен беше еден пожар на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија кај Гајдарец – Клепало, кој е изгаснат.
Денес заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов им се заблагодари на сите за нивниот придонес.
„Во завршниот збор им се заблагодарив од име на македонската влада и македонските граѓани а од име на Дирекцијата за заштита и спасување им доделив пригодни благодарници.
Утре заминува и чешкиот „Блек Хок“ со седумчлената посада.
За гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија на местото викано Гајдарец – Клепало, рано утрово со полициски хеликоптер беа исфрлени екипи на Национални Шуми со неколку доброволци ловци кои за неколку часа целосно го изгаснаа овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.
Пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна.