ДЗС: На Галичица пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

82

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување. Ова институција потоа интервенирала за безбедно отстранување неексплодирани убојни средства (НУС) од минатите војни.

– Пронајдените гранати веќе биле употребени, а неексплодирани и претставувале потенцијална опасност за граѓани коишто се на прошетка во природата или пак за пожарникари коишто гаснат шумски пожари во тој предел. Конкретно, артилериска граната од 75 mm со потекло од Прва светска војна била истрелана и помината низ топовска цевка и имала временска запалка којашто од непознати причини не извршила активација на гранатата кога со нејзе се дејствувало. Опасноста за активирање, кај вакви веќе истрелани гранати, постои при дејство, удирање, врз запалката и при висока температура, на пример при пожар и слично. Рачната бомба, од германско производство, била одбранбена бомба од Прва светска војна со активирана каписла од времето кога била фрлена, употребена – се наведува во соопштението.

Двете неексплодирани убојни средства (НУС) од минатите војни се безбедно подигнати и транспортирани на безбедно место за понатамошна постапка до нивно уништување, според оперативните стандардни процедури. од пиротехничарот во ДЗС Битола, Ѓорги Стефанов и овластениот пиротехничар Митко Ташков од ДЗС Гевгелија. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ