вторник, февруари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Прва...

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Прва Светска Војна

56
Foto: Printscreen/YouTube

Денеска, кон пладне е пријавено од СВР Гевгелија дека во Општина Богданци во индустрискиот дел на Општината е пронајдено неексплодирано убојно средство (НУС). Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) стручно лице, пиротехничарот Зоран Пеев, веднаш излегол на лице место и утврдил дека се работи за ретка минофрлачка граната од 70 mm што е НУС од Прва Светска Војна.

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

ИЗДВОЕНИ