Џеј Ло – атракција на индиска свадба на богаташи: Пристигна во сари, настапи во жежок костим и доби 2 милиони/ВИДЕО

443
Foto: Printscreen/Youtube

Џенифер Лопез направи спектакл на свадбата на индиската наследничка Нетра Мантена и технолошкиот претприемач Вамси Гадирај во Удаипур, Индија.

Раскошната свадба на индиската наследничка Нетра Мантена и технолошкиот претприемач Вамси Гадирај во Удајпур, Индија, го привлече вниманието на светот, а социјалните мрежи се преплавени со снимки од свадбата, на кои се појави и Џенифер Лопез.

Церемонијата, одржана во близина на хотелот „Таџ Лејк Палас“, кој е прикажан во филмот за Џејмс Бонд, наводно чинела околу 6,7 милиони долари. Нетра е ќерка на милијардерот Рама Раџу Мантена, извршен директор на „Инџенус Фармацевтикалс“.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез настапи за време на церемонијата, изведувајќи ги своите хитови во неколку различни костими, а пред настапот, позираше за фотографии со младенците во традиционално сари и смарагден накит.

Иако Џеј Ло доби симпатии во сарито, таа набрзо се врати на својот препознатлив изглед, разгорувајќи ја атмосферата во еден од костимите кои секогаш се провокативни кога позната ѕвезда ќе излезе на сцената.

Латино дивата ги воодушеви сите во комбинезон во боја на кожа со светки, а кога излезе на сцената, сè друго како да стана помалку важно.

Можеби нејзиното доаѓање на оваа луксузна церемонија дури ги засени и самите младенци, кои беа критикувани за трошење пари од индиските медиуми.

ИЗДВОЕНИ