недела, февруари 8, 2026
Дома СВЕТ Двојното лице на Милано на ЗОИ: На една страна олимпискиот оган, на...

Двојното лице на Милано на ЗОИ: На една страна олимпискиот оган, на друга улиците гореа од протести против/видео

235

Илјадници луѓе се собраа во Милано, во саботата, за да протестираат против Зимските олимписки игри, еден ден по церемонијата на отворање во северниот италијански град, додека мал број демонстранти фрлаа петарди и се судрија со полицијата.

Група од околу 100 демонстранти фрлаше петарди, димни бомби и шишиња кон полицијата откако се одвои од главната толпа во Милано. Околу 10.000 луѓе излегоа на улиците на градот за да протестираат против трошоците за домување и еколошките проблеми поврзани со Игрите.

Полицијата, опремена со опрема за немири и носејќи штитови, одговори со водни топови во обид да ја растера групата, од која некои носеа качулки и шалови за да ги покријат лицата. Беше воспоставен ред за неколку минути.

Неколкумина учесници во немирите беа уапсени.

Полицијата беше во состојба на зголемена готовност по насилните судири во текот на протестите во Торино, минатиот викенд, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.

„Ројтерс“ објави дека повеќе од 5.000 луѓе излегле на улиците на Милано поради трошоците за домување и загриженоста за животната средина.

Демонстрантите носеа транспаренти со кои осудуваа низа проблеми, од употребата на вештачки снег и сечењето дрвја до кризата со домувањето во финансискиот и моден главен град на Италија.

– Игрите повеќе не се одржливи од еколошка или од социјална гледна точка, нивното време истече – изјави за АФП 29-годишната демонстрантка Франческа Мисана.

Критичарите на Зимските олимписки игри се жалат за влијанието на инфраструктурата врз кревката планинска средина, како и за широката употреба на вештачки снег, чие производство бара енергија и вода.

Други тврдат дека, за многумина, Милано станал град непогоден за живеење поради растечките трошоци за живот, поттикнати од приливот на богати нови жители привлечени од даночната шема.

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, ги осуди демонстрантите против Олимписките игри како „непријатели на Италија“, по насилството во Милано во петокот и во саботата, на националната железничка мрежа. Инцидентите се случија на првиот ден од натпреварите на Зимските олимписки игри во Милано.

Таа ги пофали илјадниците Италијанци за кои рече дека работат на тоа Игрите да поминат непречено и да претстават позитивно лице за Италија.

Потоа, има и такви што се непријатели на Италија и на Италијанците, што протестираат против Олимписките игри и ги емитуваат овие слики на телевизиските екрани низ целиот свет, откако други ги сечат железничките кабли за да спречат движење на возовит, напиша Мелони денес на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Meloni (@giorgiameloni)

ИЗДВОЕНИ